Левица Политичка Партија

channel image

Левица Политичка Партија

Левица Политичка Партија - Македонија

subscribers

Денес на Народниот собир во Крушево беше отворена јубилејната 50-та канцеларија на Левица. Во Крушево, обраќајќи се до граѓаните, претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, порача:

,,На граѓаните би им порачал, на овие избори да не си го фрлаат гласот за Тиранска и за Софиска платформа, туку да гласаат за единствената промакедонска платформа, а тоа е Македонската платформа на Левица".

Во изминативе 4 години, двајцата пратеници од Левица спречија многу штетни политики. За да биде борбата посилна, потребни се повеќе пратеници од Левица во Парламентот.

,,Ние, со двајца пратеници успеавме да спречиме многу штетни политики овие 4 години и мислиме дека имаме лице да бараме повторно и тоа: двоцифрен број пратеници од граѓаните. Сметаме дека со тоа, ќе продолжиме да спречуваме штетни политики. Би сакал да нагласам дека овие избори се клучни избори за иднината на Македонија. Оттука што поголем број пратеници на Левица, значат што помалце штета за државата и за сите белези на државата, затоа што од една страна се заканува процес на косоваризација комплетна на државата, а од друга страна - процес на бугаризација, така што препорачувам да заокружите 5!", истакна Апасиев.

Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, денес во Крушево при отворањето на 50-тата канцеларија на Левица, порача:

,,Нашата кампања на овој револуционерен ден ја заокружуваме тука во револуционерно Крушево. На изборите на 8 мај очекуваме поголема излезност. Очекуваме да се зададе последниот удар на социјалдемократите како најантимакединска багра со која се соочила државата".

Мојсоска истакна и одредени проекти и мерки од Изборната програма, посочувајќи дека нивната програма, за разлика од другите партии, има екстензивна платформа за работничките права.

- На овие избори настапуваме со мерки за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, а Левица е единствена партија која предвидува т.н. татково отсуство. Предвидуваме и редефинирање на дејностите кои се трудово - интензивни со бенефициран стаж, како на пример: градежните работници. Предвидуваме и утврдување на минималната плата на две третини од синдикалната кошничка, истакна Мојсоска.

Носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска, упати апел до пратениците да се откажат од патните трошоци и да се солидаризираат со обичниот народ.

– Левица е единствена партија која се залага за укинување на патните трошоци, за укинување на привилегиите на функционерите. Нашите пратеници во изминатиот мандат имаа 0 денари патни трошоци, така ќе биде и во наредниот мандат. Упатувам апел до сите пратеници – во услови кога во Македонија во која, речиси, 500 000 жители живеат на работ на сиромаштијата, ги повикувам пратениците да се откажат од своите патни трошоци, рече Мојсоска.

Обраќање на претседателот на Левица, проф. Димитар АПАСИЕВ пред клучните Парламентарни избори 2024:
💥 „Ним им порачуваме. Пројде вашето време! Со ЛЕВИЦА, Македонецот веќе не е и никогаш повеќе нема да биде инфериорен во сопствената држава. Кога нашите противници се ослабнати, време е да тргнеме да ги нападнеме со уште поголема сила! Да ги исцрпиме нивните редови со силата на нашиот карактер. Обединетоста на чесните и решителноста на македонскиот дух! Ова е последната шанса на нашата генерација за нормален живот во Македонија!“
#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5

💥 „Работници на Македонија обединете се! Вие сте вистинската вредност на Републиката. Да се издигнеме над трулежот и неправдата. Да мораат да нѐ слушнат!“

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024

💥 „Лидери сме по загаден воздух. Јадеме храна од загадени почви. Пиеме вода од загадени реки. Се капеме со страв во загадени езера. Во маалата, наместо паркови имаме бетон и буништа.

Што правиме, народе? Уште ли ќе го трпиме ѓубрето кое нѐ гуши и убива? Да се издигнеме над трулежот и неправдата. Да мораат да нѐ слушнат!“

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024

💥 „Вие сте потребни сега - повеќе отсекогаш! Насочете го бесот против оние кои ни ја крадат иднината. Да се издигнеме над трулежот и неправдата. Да мораат да нѐ слушнат!“
#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5

🗣️Говор на носителот на кандидатската листа за пратеници на Левица во Изборна Единица 4, м-р Сашко Јанчев. Тој даде акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои ја доведоа Македонија во ситуација да повеќе го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија!

📍„Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата! Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена! Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. Со Заев и после него, СДС се претвори во историски најанти-македонската организација која некогаш постоела!

❗Секоја партија која го гази интересот на својот народ за интерес на амбасадите на крајот завршува отфрлена и од амбасадите и од својот народ. СДС се лижеа на амбасадите, а сега истите тие амбасади им го формираа ЗНАМ за да ги преполови!“

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5

Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.
Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача:

🗯️ ,,Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов".
Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески.

Со повеќе пратеници од Левица во Парламент, ваквите заложби и Програмата на Левица добиваат поголема остварливост.

🗯️ На протестот на пензионерите во Штип, даде поддршка и Носителот на ИЕ3, пратеникот Борислав Крмов.

Крмов првенствено ја посочи незавидната ситуација во која се наоѓаат македонските пензионери.

,,Имаме тука ситуација да таа додатна помош од социјалата којашто ја добиваат, сега, всушност, им е скратена. Власта се фали дека наводно им помогнала.

Пензионерите јасно и гласно кажаа: значи, покачување линеарно на сите од 3500 денари до 5000 денари! Минимална пензија од 18.000, дури и 20.000 денари. Они живеат со 12.000 ден. И сега на тие 12.000 земале по 2000 - 3000 ден. од социјалата како допуна, како помош и сега тоа е скратено на пола! Замислете, тие пензионери со тие примања немаат ни за храна! Нив, нивните деца им плаќаат сметки и храна, за да преживеат.

Јас и како пратеник во ИЕ3 имав апсолутна поддршка за пензионерите за сите нивни барања".

Левица во својата програма има мерки за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите.

,,Според Програмата на Левица, минималната пензија е две - третини од просечната плата; државни пензионерски домови за пензионерите и намалување на годините за пензионирање 60 години - за жени и 62 години - за мажи", потенцираше пратеникот Крмов.

🗯️ „Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање, прв пат имавме претседателски кандидат. Партијата продолжува напред, отворивме над 50 канцеларии во последните две години и очекуваме да го дуплираме скорот на Парламентарните избори.

➡️ Влегувањето на Левица во Собранието со поголем број пратеници би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата! Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики, може да замислите со 8, 10 или 12 пратеници. Така што гласот даден за Левица, воопшто не е фрлен глас."

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5

Ние градиме структура шест години наназад и не сме балон кој што ќе изгори после еден изборен циклус! Ние сме жив организам кој е отпорен, кој е доста „незгоден“ и на краток рок проектот „Максо“ ќе нанесе штета, а на долг рок Левица и те како има предност и ние трчаме маратон, а не спринт!

Ако Максим влезе во влада ќе му се случи „НСДП сценарио“, ќе го претопат, а ако не влезе во влада ќе се распадне затоа што сите околу него се клиентелисти и очекуваат фотеља!

Левица има идеолошки лепак, Левица ја гласаат младите луѓе! Ние сме партија која работи со братство и единство на дело! Не сме националистичка партија, повеќе Турци може да влезат преку Левица во парламент, отколку преку овие „турски партии“ кои коалицираат со СДС или ДПМНЕ.

Нашата задача е да ги мотивираме младите луѓе да се вратат во своите родни градови и да гласаат!

🚩Носителот на кандидатската листа за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев во своето гостување во емисијата Инфо Компас истакна дека Левица е формирана за да биде власт, а не да биде опозиција. Сепак нема да дојде на власт по секоја цена!

📄„Нема отстапување од нашата Македонска Платформа! Тоа се нашите црвени линии и платформата би била дефинитивно услов за кревање рака за извесна наредна влада! Тоа треба да биде една општо-прифатена платформа од страна на сите партии и да служи како одбрана при уцените кои произлегуваат од Бугарската и Тиранската платформа!

✊ Ќе преговараме за економија, за образование, за социјала, но нема да преговараме за унитарноста, идентитетот, секуларноста, територијалниот интегритет и за државните инсигнии!

5️⃣ Од овие пет точки нема попуштање, ние имаме и други услови, како што се триесет кривични пријави против функционери на СДС и ДУИ чие процесуирање ќе биде дополнителен услов, но петте точки на нашата Македонска Платформа се основ и околу нив нема да попуштиме!“

#НепоткупливитеВоСобрание
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5

Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа.

Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци.

Се бориме за донесување Закон за потекло на имот  на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес.

На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери.

На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат!

#НеподмитливитеВоСобранието
#Заокружи5
#НемаВладаБезЛевица

🚩 Апасиев од Битола истакна дека пред граѓаните стојат три платформи во изборот за претстојните Парламентарни избори:

,,Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ - тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме - тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии".
Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.

На овие избори, македонскиот народ ќе стави крај на диктатите и поразите од режимот на СДС и ДУИ и повторно ќе ја возобнови Републиката!

#Заокружи5
#НеподмитливитеВоСобрание
#НемаВладаБезЛевица

👉 Јована Мојсоска, Носител на листата за пратеници од Петтата изборна единица и Генерален секретар на Левица, ги повика претставниците на ДПМНЕ во пресрет на изборите, заедно да не дозволиме да се потпишат уставните измени.

💬 ,,Левица во Битола во изминатиов период докажа дека се спротивстави на Софиската платформа. Тука ние организиравме неколку протести и успеавме да го затвориме Фашистичкото дувло ,Ванчо Михајлов', кое никна токму тука во Градот на Стив Наумов.

Затоа ние во пресрет на 8 мај, подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не се донесат уставните измени и да се спречи внесувањето на Бугарите во Уставот! Левица е тука и Левица е отворена да се спротивставиме на сите уцени, кои доаѓаат од надвор, како и на уцените кои доаѓаат од внатре", истакна Мојсоска.

➡️ Мојсоска повика заеднички да ги заштитиме интересите на Македонија и на македонскиот народ.

Заедно да ги поставиме црвените линии на сите уцени за федерализација на Македонија, како и за желбите на одредени партии - изборот на претседател да се врши во Собранието.

🚩 Мојсоска нагласи дека е потребно повторно да се врати сјајот на Битола со обновување на инфраструктурата и децентрализација на образованието, со што Битола повторно ќе стане студентски и образовен центар, а младите ќе ја препознаат својата иднина во Битола .

📢 АСНОМ не бил конференција на градоначалници и директори, туку кулминација на борбата на речиси голоракиот македонски народ против фашистичките окупатори.
Не може тој што го избришал од Уставот сега да се повкува на тие идеали!
Максим беше дел од тогашното раководство на СДС кое удри по асномските темели.
#Заокружи5

🔴 Пратеникот Борислав Крмов (Носител во ИЕ3) со порака за Парламентарни избори, 2024:

🔥 ,,Со поголем број пратеници од Левица во Собранието, борбата ќе се мултиплицира, ќе се триплицира. Првпат по 30 години, македонскиот народ доби вистински народни претставници - тоа бевме ние двајца, претседателот Апасиев и јас.

Сега е работата да бидеме што поголем број! Да бидеме еден вид коректив на сите овие лоши работи што ни се случуваат во Собранието и Левица да продолжи да расте како единствена автентична опција која што еден ден ќе дојде на власт".

#НеподмитливитеВоСобранието
#Заокружи5

Сите знаат каде лежи битката на Левица - во Парламентарните избори, така што мотивацијата е на највисоко ниво.

💬 - Борислав Крмов, Носител во ИЕ 3, за битката на Левица на Парламентарните избори.

#Заокружи5
#НеподмитливитеВоСобранието

🔻 Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес.

💬 ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес.

Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот.

Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме".

🚩 Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание.

Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.

💬 Пратеникот Борислав Крмов (Носител во ИЕ 3) за кандидатите за пратеници на Левица:

🔥 ,,Ние, за разлика од другите партии, потекнуваме од народот. Нашите носители, нашите кандидати немаат имиња и презимиња, не се на овој или оној, туку се деца на транзицијата.

Во тоа ни е автентичноста, второ е непоткупливоста - ние имавме обиди за поткуп, веќе тоа го имаме кажано, трето е борбеноста...

Ние двајца се боревме како да сме 22 пратеника и сега очекуваме двоцифрен број во Собранието".

#Заокружи5
#НеподмитливитеВоСобранието

🔴 Пратеникот Борислав Крмов (Носител во ИЕ) за програмата на Левица во однос на работниците и земјоделците:

💬 ,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион.

Ние предлагаме шестчасовно работно време, тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има, многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците најклучно е да имаме државни откупни центри за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари".

#НеподмитливитеВоСобранието
#ЗаокружиПет

🔴 Пратеникот Борислав Крмов (Носител во ИЕ) за програмата на Левица во однос на образованието и здравството:

💬 ,,Прво и основно - образованието мора да биде бесплатно! Ние го пробавме овој капиталистички експеримент со универзитети на секое ќоше и видовме дека квалитетот драстично опадна, што значи дека системот мора постепено да оди кон враќање на само државни универзитети.

Мораме да одиме и кон зајакнување на јавното здравство, затоа што во сите држави се покажало дека единствено силно јавно здравство има вредност. Приватното здравство станува елитистичко, станува прескапо, цените се креваат дури и во јавното здравство и станува достапно за сѐ помал број луѓе".

#Заокружи5
#НеподмитливитеВоСобранието

🔻,,СДС доживеа дебакл како што немало во последниве 30 години затоа што ја потцени волјата на народот!"
- Гостување на Јована МОЈСОСКА, носител на листа во Изборна единица 5.
#НеподмитливитеВоСобранието
#Заокружи5

💥 „Цената која ја плаќаме за молкот и апатијата е прескапа! Нема семејство кое не е жртва на егзодусот кој ни го прават. Ни заминаа децата, браќата, сестрите, пријателите... Ни ги запустеа домот и огништето! На нас е да ги запреме!“

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024

💥 „Да ставиме крај на крадењето народни пари! Да го ресетираме системот! Со двоцифрен број пратеници, ќе бидеме најголемата пречка на нивните криминали, штетни закони, распродажба на јавните добра и вазалски политики. Од тебе зависи силата на Борбата и нашата заедничка судбина!“

#НеподмитливитеВоСобранието
#НемаВладаБезЛевица
#Заокружи5
#ПарламентарниИзбори2024

SHOW MORE

Created 3 years, 2 months ago.

179 videos

Category News & Politics

Нашата борба е за еден Нов свет базиран на слобода, демократија, еднаквост, солидарност, правда, мир, задоволување на човековите потреби и зачувување и унапредување на животната средина. Во духот на максимата дека нема права без обврски, ниту обврски без права – убедени сме дека таков свет може да се оствари само ако луѓето сами ги контролираат своите постапки и ако активно се вложат во создавањето на општество базирано врз тие вредности. Нашиот политички ангажман ќе ги надмине типичните партиски рамки на дејствување. Во таа смисла, ние се бориме за интересите на угнетените и ја цениме улогата на секој поединец како општествен чинител.